Јанушев: Она што можам да го ветам пред велешани е дека се она што ќе го ветиме, ќе го исполниме во следните 4 години (ВИДЕО)

Игор Јанушев носител на изборна единица 3 денеска беше во посета на Велес од каде порача дека ВМРО ДПМНЕ со новата програма ќе понуди надеж иднина и извесност преку огромен број на проекти.

„Ќе понудиме надеж, ќе понудиме извесност и ќе понудиме иднина. Ги нудиме надежта извесноста и иднината го нудиме тоа преку зголемувањето на платите и пензиите, преку инфраструктурата изградба  на државата, преку конечно ставање на ред на нешто што беше камен на сопнување на сите претходни влади, а тоа е вистинска реформа во правосудството но исто така реформа во сите останати сектори  образованието, здравството и се она што е битно за сите луѓе кои што живеат во Република Македонија. Да не ги заборавиме земјоделците, културните работници, спортистите. Буквално за сите  имаме издвоено по огромен број на проекти.Дали е тоа денар за спортистите и денар  во културата, дали е тоа зголемувањето на пензиите за 20%, дали е приклучок на гасификација за буквално секое домаќинство без пари. Значи со еден вид на кампања која што ќе даде повеќе за секого“.

Јанушев како носител на листата на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „За Обнова на Македонија “  истакна дека исто така во програмата како за цела држава така и има проекти кои се од огромна важност и за Велес.

„Она што и те како е битно за Велес е инфраструктурата како еден особено значаен проект за велешани е поврзувањето на Велес преку Прилеп и Битола со грчката граница. Но, исто така да не заборавиме дека исто толку битно е поврзувањето со коридорот 8 и конечно довршување на експресните патишта кои што за жал за 3 години од страна на оваа неспособна власт останаа на истото ниво на кое што беа и пред 3-4 години. Така да она што можам да го ветам пред велешани е еден чесен и искрен пристап еден директен пристап каде што се она што ќе го ветиме и што ќе го кажеме пред граѓаните ќе го исполниме во следните 4 години“.

Дополнително Јанушев кажа дека ВМРО ДПМНЕ огромен фокус става и на економијата и инфраструктурна експанзија и дополни дека ВМРО ДПМНЕ се обврзува да ги исполни своите ветувања.

„Една од можеби столбовите и една од најбитните работи во програмата е  ветувањето пред граѓаните дека во 4 годишниот мандат ќе овозможиме 4 милијарди евра домашни странски инвестиции тоа секако ќе бара многу работа и многу труд но од тоа не се плашиме располагаме со кадар располагаме со луѓе и знаеме како да го направиме и ќе го направиме“.

Носителот на изборната единица 3 Јанушев апелираше за почитување на мерките носење на маска и почитување на дистанца и дека ВМРО ДПМНЕ во својата кампања одговорно ќе биде помеѓу народот  за што подобро да ја претстави својата  програма.

„Кампањата ќе ја водиме буквално како што најавивме ќе бидеме цело време помеѓу народот. Секако апелираме и сега да се придржуваме сите до мерките како во носењето на маските така и во социјалната дистанца. Но, ќе бидеме цело време меѓу народот. Мораме да се преставиме што е можно подобро но исто така да ги запознаеме и граѓаните на Република Македонија со она што е наша понуда односно со програмата која што ја насловивме како Обнова“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот