Јанушев од Велес: Доста е со апатија и наведна глава, доаѓа обнова

Игор Јанушев носител на листата на кандидати за пратеници на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 3, од Велес порача дека сакаат да покажат оти е „доста на апатијата, на свитканата кичма и наведната глава”.

–  Доаѓа обнова бидејќи имаме план за тоа дека знаеме како, поседуваме кадри, дека обновата е на прагот. На 15 јули тоа ќе го потврдиме и доаѓаат подобри денови за секого и пред се повеќе за секого каде што ниту еден граѓанин нема да биде заборавен, рече Јанушев.

Тој ја обвини власта дека се обидува да направи некои работи во очај, бидејќи според него е „свесна дека губи”, па се обидува да го дискрeдитра или на некој начин да влијае на граѓаните преку нарушување на неговата чест и углед.

– На крајот од денот ако сум направил нешто нема да стојам тука каде што сум. Исто така имам да им порачам една година се противеа и не го носеа законот за потекло на имот на политичарите, тоа ќе биде еден од приоритети пое формирањето на новото парламентарно мнозинство и владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а потоа ќе видиме кој од политичарите, ќе видиме дали Љупчо Николовски и Зоран Заев ќе бидат на политичката сцена, порача Јанушев.

Одговарајќи на новинарско прашање на МИА за оценката како ВМРО-ДПМНЕ ја води кампањата, Јанушев одговори дека е задоволен и порача дека тие од останатите се разликуваат по тоа што им го нудат  на граѓанитe

– Задоволен  сум од начинот на водењето на кампањата, целата структура и сите активисти на ВМРО-ДПМНЕ се максимално ангажирани. Мотивацијата е огромна се со цел да ги тргнеме Зоран Заев и Љупчо Николовски и останатите. Ако направите еден добар сублимат ќе видите впрочем дека во изминатите 30 години не се случија толку лоши работи како во изминатите три години. Впрочем по што се разликуваме пред се по она што го нудиме пред граѓаните, бидејќи сега изборот се сведува на криминал, корупции и уцени, палења на автомобили и куферчиња „Луј Витон” со милионски суми и местенки на пари на секој тендер, од друга страна се нуди чесен и достоинствен пристап, честитост, работа, труд и трудољубие. На крајот на денот се се сведува дали ќе изберете за Заев или државата. А кога изборот е Заев или Република Македонија мислам дека на граѓаните им е повеќе од јасно, за разлика од СДСМ ние не го потценуваме народот и сме убедливи дека ќе извоиме убедлива победан на 15 јули, порача Јанушев од Велес.

На прашање на МИА на што како велешанец ќе се ангажира за Велес, Јанушев рече дека покрај големите носечки проекти  кои веќе ги презентираа како зголемувањето на платите за 25 отсто, зголемување на пензиите за 20 проценти, тука е и гасификацијата на сите во државата, па и за велешани – до секој дом и стопанственици, со бесплатни приклучоци. Тој вети обнова на фасадите со енергетски ефикасни фасади каде што државата ќе покрие половина од трошоците, а што се однесува и на граѓаните на Велес најави и целосна реконструкција на велешката Општа болница и автопатот од Велес до Скопје и до границата со Грција и изградба на автопат до Прилеп и Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот