Јанушев од Македонска Каменица: Со победа на ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде обновата на Република Македонија

Носителот на листа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 3, Игор Јанушев денеска ја посети Општината Македонска Каменица од каде што порача дека со победа на негопвата партија „ќе дојде обновата на Република Македонија”, а со тоа ќе дојдат многу мерки и проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните.

– Денеска сме во посета на Македонска Каменица заедно со кандидатот за пратеник Даниела Христова. Планираме да го посетиме пазарот, да поразговараме со граѓаните на Македонска Каменица, ќе имаме и неколку состаноци со целни групи. Она што го добиваме како порака впрочем и од цела Република Македонија е дека поддршката е на страна на ВМРО-ДПМНЕ, поддршката е на страна на обновата, поддршката е на страна на Република Македонија. Она што е интересно и што го забележувам имавме изминативе денови еден интересен настан каде што СДСМ предводени од Заев организираа еден митинг би го нарекол на една слепа улица каде што се наоѓа провалијата. И тие се обидуваат сите нас да не повлечат во таа слепа улица и во таа провалија. Но, она што македонскиот трудољубив народ има да го порача е дека тие сами можат да останат во слепата улица, и сами да го продолжат патот кон провалијата, ние сите заедно, сплотени и здружени се движиме кон обнова на Македонија, истакна Јанушев.

Тој додаде дека СДСМ „во очај и немоќ стануваат свесни дека губат и паѓаат”, а во недостиг на проекти и она што не направиле за државата во овие три години од како се на власт, се бранат со закани.

– Ние ќе продолжиме со презентирање на наши проекти и мерки, ќе кажеме се што планираме во овие четири години да направиме. И тоа зголемување на платите, зголемување на пензиите, намалување на невработеноста, овозможување на подобар живот за секој еден граѓанин во Република Македонија, порача Јанушев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот