Јанушев нов шеф на Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Игор Јанушев, носител на Изборна единица број 3

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница, едногласно одлучи генералниот секретар Игор Јанушев да биде шеф на Републичкиот изборен штаб на претстојните предвремени парламентарни избори, информираа од најголемата опозициска партија.

Извршниот комитет го задолжил Јанушев до следната седница да предложи состав на Републичкиот изборен штаб.

Од ВМРО-ДПМНЕ објавија дека на состанокт на ИК се анализирал и текот на акцијата „Обнова на Македонија“ и проблемите со кои се соочуваат илјадници граѓани кои им пристапиле и побарале решение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот