Јанушев: На граѓаните им е веќе доста од лаги, манипулации и криминал

Пораката што денеска ја добивме од средбите со преставници на бизнис-секторот и со младите од Кочани е дека им е доста од криминалното однесување на актуелната власт и дека наскоро ќе биде ставен крај на тоа, истакна носителот на кандидатската листа во третата изборна единица, Игор Јанушев, по средбата со членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани.

– Преку глава му е народот, без разлика дали е обичниот народ, дали се стопанственици или младите, доста му е од лагите, манипулациите и криминалот, од Зоран Заев и од Љупчо Николовски. Тие немаат што да понудат освен криминали, наместени тендерии збогатување преку ноќ, а на тоа му доаѓа крајот. По 15 јули ВМРО-ДПМНЕ ќе формира и ќе ја предводи владата, а потоа ќе го донесеме законот за проверка на имотот на политичарите. Така ќе видиме кој и дали ќе остане на политичката сцена во Република Македонија. Сето ова што можевме да го видиме во изминатите три и пол години ќе го оставиме во историјата, а дефинитивно сите оние кои се огрешија, сите кои што ги правеа криминалите ќе завршат онаму каде што им е местото, истакна Јанушев.

Тој им вети на младите поддршка од новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, посебно во поглед на образованието и вработувањето.

– Се обврзуваме да обезбедиме услови за вработување на повеќе од 50 илјади млади за период од четири години, како и загарантирана работа на 500 најдобри студенти од државните универзитети. Ќе обезбедиме целосни стипендии за постдипломски студии за најдобрите пет проценти од студентите на додипломски студии, а износот наменет за студентски стипендии ќе надмине 10 милиони евра. На младите им треба надеж за подобра иднина и за да останат во државата, да се врати достоинството и конечно ние да се чувствуваме како граѓани од прв ред и горди што сме Македонци, нагласи Јанушев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот