Јанушев кој со Зекири учествуваше на дебатна емисија се тестирал, ги чека резултатите

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев денеска по информацијата дека потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири, со кој пред неколку денови заедно беше гостин во дебатна емисија, е позитивен на коронавирус, вели дека засега е во добра здравствена состојба и ги чека резултатите од направеното тестирање. Во очекување на исходот, пишува Јанушев на својот фејсбук профил, ќе ги превземам сите мерки кои ќе ги препорачаат здравствените власти.

-Состојбата со заразата е алармантна. Денешните настани укажуваат на тоа дека треба да се пристапи со огромна сериозност. Да се зборува за избори во една ваква состојба е неодговорно кон граѓаните. Нужна е заштита на здравјето! На Мумамед Зекири со кого бевме на дебата на Телевизија 24, и на неговото семејство, им посакувам брзо закрепнување. Апелирам да не се потценува состојбата со вирусот, ниту да се релавитизира, и да се пристапи максимално сериозно, напиша генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот