Јанушев: Ќе пробаме да пристапиме кон секој еден гласач почитувајќи ги мерките за заштита

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекува фер и демократска кампања за претстојните предвремени парламентарни избори, и најавува кампања комплетно поинаква од оние што биле организирани досега.

-Очекуваме фер и демократска кампања, иако целокупната јавноста беше и е сведок на начинот на кој СДСМ и Заев се обидуваат да влијаат и да вршат поткуп на граѓаните. Има тронка надеж дека ќе се вразумат и дека ќе престанат тоа да го прават, во спротивно имам да им порачам дека за многу брзо од сега, за нецели 20 дена, ќе има промена на власта и дека ќе одговараат за сето тоа што го прават, изјави генералниот секретар на партијата Игор Јанушев по денешното потпишување на Кодексот за фер и демократски избори во ДИК.

Изборната кампања за изборите на 15 јули започнува на 24 јуни.

-Кампањата која што ќе ја водиме дефинитвно ќе биде поинаква од она што сме го имале во минатото. Прв приоритет е да се погрижиме здравјето на граѓаните да остане како што беше наш прв приоритет и сите ние да се чуствуваме заштитени и безбедни. Нормално дека ќе има дел преку социјалните медиуми, телевизии и сите останати пишани медиуми. Факт е дека ќе има и теренски активности, во кој обем и во каков вид ќе бидат ќе видиме, големи митинзи нема да се случуваат, барем не во таков обем. Секако дека ќе пробаме да пристапиме кон секој еден гласач почитувајќи ги мерките за заштита, истакна Јанушев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот