Јанушев го повика Груевски да ја отслужи затворската казна

Игор Јанушев, носител на Изборна единица број 3

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, вечерва на ТВ24 го повика екс-премиерот Никола Груевски да се врати во државата за да ја отслужи затворската казна.

На дуелот кој тој го имаше со Дамјан Манчевски, на прашањето дали партијата се залага Груевски да се врати во Македонија, Јанушев одговори дека јавно го повикуваат да се врати во државата.

На тоа, Манчевски го праша и дали го повикуваат покрај враќањето и да ја одлежи затворската казна, на што тој му одговори: „Да, еве јавно го повикуваме“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот