Јанушев: Главен мотив на новата влада предводена од ВМРО-ДПМЕ ќе биде враќање на гордоста на Македонецот и македонското национално достоинство

Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната единица 3 денеска беше во посета на спомен куќата на  Кочо Рацин, еден од најголемите македонски револуционери и основоположник на модерната македонска поезија и литература. Јанушев рече дека како велешани се горди што биле во домот на Коста Солев Рацин, човекот кој преку своето дејствување во целиот свој живот бил носител на авангардата на револуционерната идеја кој  што  се борел за македонштината за македонецот за сопствена држава.

-Впрочем се она што денеска во оваа кампања ние како ВМРО-ДПМНЕ го нудиме пред граѓаните, покрај се она што го планираме како проекти во инфраструктурата, земјоделието, економијата и финансиите, здравството, образованието и се останато, еден од главните мотиви нешто што ќе биде секако во фокусот после формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ враќање на гордоста на македонецот, враќање на македонското национално достоинство, истакна Јанушев.

Јанушев потенцираше  дека во овој период се остваруваат средби со граѓаните каде се презентира програмата на ВМРО-ДПМНЕ односно што ВМРО-ДПМНЕ има за план да направи во следните 4 години.

-Да им покажеме дека е доста на апатијата, доста е на свитканата кичма и наведната глава, дека доаѓа обнова бидејќи дека имаме план за тоа дека знаеме како, поседуваме кадри, дека обновата е на прагот. На 15 јули тоа ќе го потврдиме и доаѓаат подобри денови за секого и пред се повеќе за секого каде што ниту еден граѓанин нема да биде заборавен. Она што се обидуваат да направат е едноставно некои работи во очај бидејќи се свесни дека губат, тлото под нозете им е изгубено, компасот не само што им покажува погрешна насока туку би рекол дека воопшто го немаат, па се обидуваат на овој начин  да ме дискрeдитираат или на некој начин да влијаат на граѓаните преку нарушување на мојата чест и углед. На крајот од денот ако сум направил нешто нема да стојам тука каде што сум. Исто така имам да им порачам една година се противеа и не го носеа законот за потекло на имот на политичарите, тоа ќе биде еден од приоритети после формирањето на новото парламентарно мнозинство  и владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а после тоа ќе видиме кој од политичарите, ќе видиме дали Љупчо Николовски и Зоран Заев ќе бидат на политичката сцена, порача Јанушев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот