Јанушев: Доаѓаат најдобрите четири години во историјата на државата

Игор Јанушев, носител на Изборна единица 3

Носителот на кандидатската листа од ИЕ 3 на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија” Игор Јанушев, придружуван од Сашко Кедев и Игор Николов, на последниот ден од кампањата присуствуваше на трибина со здравствените работници во Штип.

Тој информира дека со медицинскиот персонал разговарал за проблемите со кои се соочуваат последните неколку години и ја претставиле изборната програма што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ во делот на здравството.

– Впрочем лекарите ја даваат поддршката на она што следи со обновата во здравството. Она што имам да им го порачам на Штипјани и на сите граѓани е луѓе кренете ги главите, исправете ја кичмата, ставете ги насмевките на вашите лица бидејќи доаѓаат најдобрите четири години во историјата на државата, рече Јанушев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот