Јанушев: Членови на власта преминаа во Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

Игор Јанушев, носител на Изборна единица број 3

Денеска имавме средба со дел од раководството од повеќе политички партии кои што до пред извесно време партиципираа во власта, дел од тие преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ, дел преминуваат во онаа конзервативна и останатите десничарски партии од Коалицијата „За подобра Македонија”, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

– Тие ги ставаат своите капацитети на располагање се со цел што побрзо да ја турнеме оваа криминално рекетарска власт и да помогнеме што побрзо во обновата на Македонија. Ние како ВМРО-ДПМНЕ остануваме отворени и ги повикуваме сите чесни и искрени граѓани на Република Македонија да ни се придружат во борбата против власта, во борбата за обнова на Македонија, вели Јанушев.

Тој додаде дека е вредно да се напомене е дека овие луѓе ги напуштаат политичките партии во период кога буквално сите механизми на присилба и уцена се во рацете на Заев и СДСМ и одлучиле да се придружат на нашата борба за што побрзо СДСМ и Заев да ги тргнеме од власта и да почнеме со обновата на Македонија.

Од друга страна, ВМРО-Народна партија се оградува од постапките на, како што вели, таканаречени членови кои на прес-конференција се изјаснија дека ја напуштаат ВМРО-Народна партија и преминуваат во ДПМНЕ.

– Ниту е прв, а ниту последен пат некогаш владеачката, а сега опозициската ДПМНЕ да прави таканаречени диверзии со некакви членови кои ниту се појавиле во ВМРО-Народна партија ниту фигурираат во архивските списи како членови. ВМРО-Народна партија смета дека со ваквите неартикулирани постапки ДПМНЕ само го покажува стравот од силна ВМРО-Народна партија, особено сега кога членството и сите општински комитети се активирани во своите општини работејќи на подобрување на условите за живеење преку разни програми. ВМРО-Народна партија упатува апел до сите членови, симпатизери и гласачи да не наседнуваат на ваквите провокации и ситни испади на опозициската ДПМНЕ бидејќи станува збор за веќе видено сценарио особено во моменти кога ДПМНЕ јавно го манифестира стравот од зајакнувањето на ВМРО-Народна партија, се вели во соопштението од ВМРО НП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот