Јануарската програма во Кинотеката носи анимирани филмови и тинејџерски драми

Кинотека на РС Македонија

Кинотеката, по традиција, првите денови во Новата година им ги посветува на најмладите љубители на филмот и на тинејџерите. Тие од средината на јануари 2022 година ќе имаат можност да погледнат неколку интересни наслови во рамките на програмата „Кино утро“.

За најмладите гледачи од 13 до 20 јануари 2022 година ќе се прикажуваат популарните анимирани филмови „Биби, Боби и една снешкастична нова година“, „Каламити Џејн“ и „Патешествието на принцот“ на пладневните проекции во 12 и 13 часот во Кинотеката.

Волшебната новогодишна бајка „Биби, Боби и една снешкастична нова година“ е македонски анимиран филм во режија на Никола Чикос. Гласовите во филмот ги позајмуваат актерите Слаѓана Вујошевиќ, Сашко Коцев, Никола Ристановски и Сашка Димитровска. Со Биби и Боби младите гледачи ќе можат да се дружат и на попладневните проекции во 18 часот.

Тинејџерите ќе имаат можност да видат неколку играни филмови од поновата продукција. Тоа се францускиот игран филм „Антоанета во Севените“ и италијанските наслови „Брат ми брка диносауруси“ и „Стакленото момче“. За нив се резервирани вечерните проекции од 19 часот, известија од Кинотеката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот