Јануарската пензија ќе биде повисока за процентот на инфлација

Пензионери/ Фото: МИА

Според постојниот Закон за пензиско и инвалидско осигурување пензиите се усогласуваат два пати годишно – на 1 јануари и на 1 јули, според индескот на трошоците на живот. Министертвото за труд се уште не го објави зголемувањето, веројатно поради промените во Владата, но според Законот, пензиите ќе се зголемат колку што е растот на инфлацијата во второто полугодие од 2021 година во однос на првото полугодие од 2021 година.

Последното зголемување беше направено лани во јуни, кога се споредуваше инфлацијата од првите 6 месеци од годината со последните 6 месеци од 2020 година, што доведе до повисоки пензии за 1,2 проценти. Притоа, зголемувањето на пензијата во номинална вредност изнесувше 188 денари на ниво на просечна пензија и 125 денари на ниво на најниска пензија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот