Јанша: Вакцинација на 70 отсто од населението во Словенија до почетокот на летото

Словенечки премиер Јанез Јанша/Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Словенскиот премиер Јанез Јанша истакна дека според планираните испораки на вакцината против коронавирусот се очекува вакцинација на 70 отсто од населението до почетокот на летото, пренесуваат тамошните медиуми. 

– До почетокот на летото Словенија веќе може да вакцинира 70 отсто од населението и така практично да ја стави епидемијата под контрола, барем во рамките на нашите граници – рече Јанша.

Инаку, Словенија порача 2.757.948 дози од вакцината на Фајзер и Бионтек и 470.000 дози од вакцината на Модерна, што вкупно изнесува 3.227.948 дози од вакцините кои се веќе одобрени во ЕУ.

Тоа значи дека Словенија досега има обезбедено вакцини за 1.613.974 целосни вакцинирања со двете дози.

Кога станува збор за нарачените дози од вакцините кои сѐ уште не го добиле одобрувањето од Европската агенција за лекови (ЕМА), Словенија има 1.397.336 дози нарачани од Астра Зенека, 1.039.880 дози од КјурВак и 940.000 дози од белгиската компанија Јансен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот