Јанша се конфронтира со Си Џипинг, Словенија сака поблиски односи со Тајван

Јанез Јанша
Јанез Јанша/ Фото EPA-EFE/IGOR KUPLJENIK

Словенија стана последна во низата земји што ја нападна Кина поради Тајван, со планови за зајакнување на трговските врски со властите на островот, пишува Политико.

Министерството за надворешни работи на Тајван во вторникот ги потврди плановите со оваа балканската држава за отварање трговски канцеларии на двете земји , објави словенечкиот премиер Јанез Јанша. Овој потег се заканува дополнително да ги разгори тензиите меќу ЕУ и Пекинг кои започнаа откако Литванија ги приближи дипломатските односи со Тајван , што доведе Кина да воведе строго трговско ембарго кон оваа прибалтичка република

Литванска амбасада
Литванска амбасада во Тајван/ Фото EPA-EFE/STRINGER

.Кинеската влада сè уште јавно не ги коментираше забелешките на Јанша, но постојано ги предупредува земјите од ЕУ да не го признаваат дипломатски Тајван во рамките на политиката „една Кина“, која го смета овој остров за свој дел од територијата, пренесува Politico.

Таа, исто така, ги засили воените закани кон Тајван во последниве месеци, бидејќи сегашната влада во Тајпеј се стреми кон независност.

Знаме на Р. Литванија / Фото: Архива

Јанша го критикуваше одговорот на Пекинг за односите на Литванија со Тајван како „застрашувачки“ и „смешен“.

Минатиот август, Вилнус го одобри барањето на Тајван за воспоставување „тајванска“ мисија во земјата, но употребата на тоа име го навреди Пекинг, кој наместо тоа го претпочита името „Тајпеј“.

„Искрено, огромното мнозинство од земјите-членки на ЕУ имаат некакво представништво или канцаларија за врски  со Тајван. Литванија не е исклучок“, рече Јанша.

„Има некои мали разлики во именувањето, но тоа не е важно. Мислам дека Кина протестираше секогаш кога некои европски земји формираа такви канцеларии, но тие никогаш не отидоа толку далеку како во овој случај и тоа е страшно, Пекинг повторно се обидува да ја изолира земјата, мала земја која исто така се бореше за својата независност пред 30 години“, додаде тој.

Кина знаме Кинеска комунистичка партија ККП Кинез
Фото EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Јанша смета дека постојаните закани на Кина за Вилнус – вклучително и нејзината де факто забрана за поголемиот дел од трговијата од таму, како и притисокот врз другите компании од ЕУ кои работат со Литванија – нема да ја одвратат Словенија од нејзините планови.

„Формално, Европската унија ја поддржува Литванија. Секој притисок врз Литванија и некои други земји во Европа нема да биде од корист за кинеската влада“,порача Јанша.

„Добрите односи, и добрите трговски односи се во заеднички интерес. Ако едната страна се обиде да ги повреди овие односи, тие би можеле да имаат корист на краток рок, но на долг рок, сите тие се губитници“, додаде тој.

Сепак, Јанша не сакаше да каже дали Словенија планира да остане дел од таканаречената група 16 + 1 предводена од Пекинг и во која се земјите од Централна и Источна Европа, но од која минатата година излезе Литванија.

Фото: EPA-EFE/

Јанша го критикуваше и  првичниот одговор на Пекинг на пандемијата на коронавирус.

„Сигурно знаеме дека Кина на почетокот не делуваше  навремено . Не бевме информирани што навистина се случува“, рече Јанша, кој додаде дека ЕУ  да бара одговорност од кинеската влада“ лошото справување со ширењето на пандемијата .

Видео на денот