Јанша остави Уставниот суд да одлучи за обврската за задолжителна вакцинација во јавната администрација

Љубљана, Словенија
Жена со заштитна маска во центарот на Љубљана, Словенија / Фото: EPA-EFE/IGOR KUPLJENIK

Словенечкиот премиер Јанез Јанша денеска го повика Уставниот суд да донесе конечна одлука за тоа дали може да се примени одлуката на владата дека во државната администрација можат да работат само оние кои се вакцинирани против ковид-19 или кои ја прележале оваа болест.

Владата во средината на септември донесе одлука за задолжителна вакцинација, но таа не е имплементирана бидејќи Уставниот суд ја суспендираше со мнозинство гласови до конечна одлука, а по жалбата на синдикатот на вработените во јавната администрација дека таа е неуставна.

– Слична одлука донесоа неколку влади во Европа, во земји каде епидемиолошката состојба е подобра од Словенија. Владата сега не знае дали да се однесува како другите кои се поуспешни во борбата против епидемијата од нас или да се помири со ситуацијата, каква и да е таа, одговори денеска Јанша на прашањето од пратеник од неговата партија за тоа како владата ќе го спречи ширењето на епидемијата. Тој потенцираше дека деновиве Австрија донела многу драстични мерки кои се применуваат за невакцинираните.

Јанша на Твитер ја коментираше одлуката на Уставниот суд за привремено суспендирање на обврската за вакцинирање во јавната администрација, која постепено треба да се прошири и на другите делови од населението, наведувајќи дека уставните судии кои одлучиле да го направат тоа ќе бидат „ соодговорни” за зголемениот број заразени и смртни случаи.

Јанша го критикуваше и образложението на Врховниот суд дека правилото за задолжително носење маски во затворени простории не е донесено врз основа на вистински правен акт, туку со обичен владин декрет.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот