Јанша: Не е наша должност да им помагаме на сите што бегаат наместо да се борат

Јанез Јанша/ Фото Архива на Слободен печат

Словенскиот премиер Јанез Јанша на својот твитер профил напиша дека ако жените можат да се организираат и да се борат против Талибанците во некои делови на Авганистан, тогаш тоа треба да го сторат и мажите. Не е должност на Европската Унија или Словенија да им помагаат и да ги плаќаат сите на планетата што бегаат, наместо да се борат за својата татковина.

Илјадници бегалци ќе мора да најдат нов дом, а светот, особено Европа, стравува од повторување на бегалската криза со која мораше да се соочи во 2015 година.

Некои се плашат повеќе од повторување на тоа сценарио отколку другите. Австрискиот премиер Себастијан Курц изјави дека неговата земја нема да прифати нови бегалци од Авганистан, а слично вели и словенечкиот премиер Јанез Јанша.

Инаку, илјадници Авганистанци ја напуштаат својата земја, која беше окупирана од Талибанците во последните денови. Во кругот околу аеродромот, илјадници други бараат начин за подобро утре што нема да биде во нивната татковина. Британското министерство, исто така, објави дека седум цивили загинале во хаосот што изби на аеродромот во неделата наутро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот