Јанкуловски: Формирање на синдикат на универзитетите не е спротивно со ниеден закон

Фото: Принтскрин

Заради краткиот период, тој вели, на состанок на ректорите на јавните универзитети со ресорниот министер заеднички одлучиле со Министерството за образование и наука единствена точка на колективниот договор да биде покачувањето на платите.

Формирањето на синдикална организација на универзитетите не е спротивно со ниеден закон. Тоа го дозволува и член 220 од Законот за работни односи и неосновани се нападите врз нас ректорите, изјави денеска ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски.

– Кога станува збор за прашањето на јавен сектор, потпишувањето на синдикални колективни договори е секогаш меѓу основачот и синдикалната органзиација. Ние ректорите секогаш се трудиме да го подобриме квалитетот во високото образование, да ги подобриме условите за работа и стандарпт на вработените во универзитетите. Формирањето на синдикална организација на универзитетите секако дека не е контраиндицирано со ниеден закон. Тоа го дозволува и член 220 од Законот за работни односи. Неосновани се нападите врз нас ректорите затоа што законот тоа го дозволува да секој основач на јавна установа потпише договор со репрезентативна синдикална организација. Оваа шанса која ни е наведена за покачување на платите од 10 проценти сметаме дека не треба да се пропушти, особено кога се е во рамки на законската регулатива, рече ректорот Јанкуловски на новинарско прашање по потпишувањето Меморандум за соработка со Агенцијата за национална безбедност.

Заради краткиот период, тој вели, на состанок на ректорите на јавните универзитети со ресорниот министер заеднички одлучиле со Министерството за образование и наука единствена точка на колективниот договор да биде покачувањето на платите, а потоа, додава, тој договор ќе се проширува со други точки, кои ќе бидат препуштени на автономното функционирање на таа синдикална организација.

– Ние ниту имаме намера, ниту вршиме притисок на некого, како ќе си одлучат тие така ќе работат. Меѓутоа можам да кажам дека ние како Универзитет за само еден ден и половина постигнавме реперезентативност што е за поздравување, рече Јанкуловски.

Запрашан зошто се инсистира на формирање нов синдикат, според него, очигледно дека постои некоја пречка помеѓу тоа договарање, а дали е во прашање репрезентативност на високото образование во СОНК, рече не може да каже, но штом добиле вакви напатствија ќе работат според нив.

Независниот академски синдикат (НАкС) пред неколку дена се спротивстави на наредбата од ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, со која, како што вели професорката Мирјана Најчевска, на вработените во високото образование им било наложено да формираат синдикат кој ќе биде под директен надзор на генералниот секретар на ректорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот