Јанкуловска е во карантин, допрва ќе се утврдува ризикот за нејзината безбедност во Идризово

Согласно протоколот за новодојдени затвореници, односно протоколите на здравствените власти што произлегуваат од епидемијата на корона, оние лица кои доаѓаат кај нив право од својот дом, од превентивни причини ќе бидат во карантин 14 дена, информира за Слободен печат директорот на затворот Идризово, Александар Донев, додавајќи дека од друга страна лицата што доаѓаат од притвор и биле во одредена изолација неколку месеци се третираат како побезбедни и веднаш се упатуваат во приемното одделение.

– Во конкретниот случај со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, за неа ќе биде спроведен протоколот и ќе биде сама во карантин 14 дена, а во меѓувреме ќе и тече приемниот период. Од утре со неа ќе започне да работи тимот за проценка на ризик и ќе и се изготвуваат анамнези од социјален, психолошки карактер и други и за 15 дена ќе биде утврдено каде ќе биде сместена. Како и за сите новодојдени ќе се прибираат неопходните информации, дали е претходно осудувано лице, кои се нејзините контакти, каква и е здравствената состојба, па вво зависност од тие податоци ќе се одлучи во кое одделение ќе биде сместена. Во секој случај ќе биде во колективно сместување, но секако дека ќе се внимава таа да биде на безбедно, бидејќи станува збор за специјално лице, изјави Донев.

Прашан колкав е ризикот со Гордана Јанкуловска да се повтори инцидентот од затворот во Шутка, кога поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски беа нападнати за време на прошетката на отворено, директорот Донев одговори дека токму од такви причини се врши проценката на ризик.

– Тим од пет лица допрва ќе разговара со осуденичката. Засега немаме сознанија за евентуални закани, но сепак неопходни ни се комплетни информации. Грижата за нејзе ќе зависи од проценката, заклучува Донев.   

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот