Јанкулоска: За жал двајца обвинети од „Монструм“ не се екстрадирани од Косово

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, денеска прва сведочеше во процесот „Монструм“.

Таа рече дека за немилиот настан првпат дознала дента од Дежурниот оперативен центар. Добила СМС порака со краток опис за пријавениот случај.

– Набрзо добив повик од Ивица Анчевски, тогашен шеф на „Алфите“ кој исто така ме извести за случајот. Побарав од него веднаш да замине на местото на настанот, а со тогашниот директор на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски направивме голем напор сите што се на располагање веднаш да дојдат на работа. Го барав и тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков и началници на други служби. Формиравме оперативен штаб кој ги координираше активностите. Овој штаб работеше сѐ до поднесување на кривичната пријава против лицата – рече Јанкулоска.

Таа рече дека имало низа гласини и шпекулации кои би можеле да се сторителите.

Обвинителката Фатиме Фетаи ја праша Јанкулоска дали се сеќава на нејзин разговор со Сашо Мијалков од 29 јануари 2013 година, во кој тој ја поканува да дојде да слушне „добра анализа за Монструм“. На прашањето Јанкулоска рече дека не се сеќава, но нагласи дека сите Оддели правеле анализи и теории за настанот.

– Имав серија контакти со косовскиот министер за полиција. Се сеќавам дека сме разговарале и за осомничените, а тие разговори беа за сега првите двајца обвинети за кој требаше формално ние како држава да побараме екстрадиција за нив. Наш приоритет беше најбрзо и најдобро да заврши екстрадацијата, со минимални ефекти и ризици. За жал и покрај сите настојувања, од тогаш до денес нема позитивен епилог – рече Јанкулоска.

На 12 април 2012 кај скопското Смиљковско Езеро беа убиени Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Тричковски (на возраст од 18 до 21 година), сите од Радишани, Скопје, и 45-годишниот рибар Борче Стевковски од Црешево. За случајот „Монструм“ обвинети се вкупно 6 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот