Јанкулоска се огласи на Фејсбук: Нема потреба од спектакли и опсада на зградата, никаде не бегам

Фото: mia.mk

Откако Врховниот суд го одби барањето за вонредно преиспитување на изречената четиригодишна затворска казна од Апелција во случајот „Тенк“, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска се огласи на социјалните мрежи и порача дека „нема потреба да се прават спектакли и оти нема намера да бега“.

– Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме бара, јас сум дома и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам. Ништо не е поскапоцено од секој момент поминат со семејството, напиша Јанкулоска на нејзиниот Фејсбук налог.’

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот