Јанкулоска лута на Кацарска дека често ја викала на судење додека била трудна – Слободен печат
ВестиВи ПрепорачувамеМакедонија

Јанкулоска лута на Кацарска дека често ја викала на судење додека била трудна

Сопругот на поранешната министерка испратил писмо до Судскиот совет со конкретно барање.

Сопругот на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, Влатко Илиевски, испратил претставка до Судскиот совет  за разрешување на судијката од Кривичниот суд во Скопје, Добрила Кацарска, објавува „Макфакс“ повикувајќи се на извори од Судскиот совет.

„Макфакс“  дозна дека претставката е за наводни повреди предизвикани преку закажување чести судски рочишта во предметот „Тенк“, во услови кога Јанкулоска била во ризична бременост со породилно отсуство.

Повредите, според претставката, биле предизвикани преку закажување судења кога ексминистерката се наоѓала во ризична бременост со отворено породилно отсуство, како и преку одржување судски рочишта во услови кога Јанкулоска била во постпородилна состојба со двомесечно бебе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close