Јанкович: Со членството во НАТО, ќе се зајакне сигурноста на С. Македонија и на регионот

Северна Македонија, со членството во НАТО, ја оствари една од најважните стратешки цели во надворешната политика, смета полковникот Зоран Јанкович, шеф на Канцеларијата за врски на Алијансата во Скопје, во интервју за порталот zoom.mk.

– Верувам дека сте сега во едно семејството што заеднички со вас ќе и’ овозможи сигурност на вашата земја, на овој регион. Ќе се подобри безбедноста, тоа веќе се случува, што всушност е најзначајното во сето ова и гледам многу други можности што ќе бидат резултат на подобрена безбедност во регионот, оценува полковник Јанкович.

Тој е многу горд што мисијата на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје е завршена со целосен успех.

– Како полноправна членка, сега имате две позиции во Командната структура на НАТО. Имате ваша делегација во рамки на оваа структура во Брисел, во Монс, во Норфолк и на други места, така што, се очекува да ги пополните тие позиции и да дадете придонес во рамки на командната структура на НАТО и нејзиниот процесот на одлучување, вели Јанкович.

Во врска со одбивањето на НАТО да му даде безбедносен сертификат на полковникот Секуловски, кој требаше да биде шеф на воената мисијата на Северна Македонија во Брисел, Јанкович вели дека не секој добива безбедносен сертификат затоа што се такви процедурите на Алијансата.

– Кога Словенија стана членка на НАТО и ние имавме такви случаи и не секој доби безбедносен сертификат. Истото ќе се случува и тука во Северна Македонија. Не сметам дека со ова се нарушува довербата кон вашите власти, туку само како дел од една вообичаена процедура во секоја земја-членка, смета словенечкиот полковник Јанкович.

Тој изрази уверување дека со постоечките процедури, со воспоставените политики, ќе се овозможи избор на вистински кадри за потребните позиции. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот