Јанис подобар од Леброн, дербито за Милвоки (ВИДЕО)

EPA-EFE/TANNEN MAURY

Дербито на досегашниот дел од сезоната му припадна на Милвоки бакс кој го совлада ЛА лејкерс и стана екипа со најдобар скор во НБА лигата. Милвоки триумфира со 111:104 и дојде до скор од 28:4, додека „езерцата“ имаат еден пораз повеќе и победа помалку. Дилемите околу победникот беа решени уште во првото полувреме кое заврши со предност на Милвоки од дури 19 поени.

Очекувано прво име во триумфот беше Јанис Адетокумпо со 34 поени, 11 скокови и 7 асистенции.
На спротивната страна, Леброн Џејмс оствари трипл-дабл од 21 поен, 12 скокови и 11 асистенции, додека Ентони Дејвис имаше 36 поени.

Интересно е што на овој натпревар беа дури тројца браќа, Јанис и Танасис во дресот на Милвоки, додека Костас Адетокумпо во дресот на ЛА лејкерс.

Во второто дерби, Хјустон со 122:117 го победи ЛА клиперс. Расел вестбрук со 40 поени беше најпрецизен на натпреварот, додека Џејмс Харден уфрли 28 поени.

Хјустон во два натпревари по ред успева да направи пресврт. На претходниот натпревар надополнија негатива од 25 поени против Сан Антонио, сега имаа негатива од 15 поени но сепак славеа. Нетрпеливоста помеѓу Вестбрук и Патрик Беверли повторно донесе искри. Беверли беше исклучен поради две технички грешки, додека Вестбрук заработи една поради исмевање на кошаркарот на Клиперс кога го напушташе теренот. Кај Клиперс, најрасположен за игра беше Пол Џорџ кој даде 34 поени.

Резултати:
ЛА Клиперс – Хјустон 117:122
Сан Антонио – Бруклин 118:105
Милвоки – ЛА Лејкерс 111:104
Атланта – Јута 106:111

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот