Јанис го возврати ударот, Милвоки ја стопи предноста на Бруклин

Јанис Адетокумпо не успеа да му донесе нова победа на Милвоки/ фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY

Кошаркарите на Милвоки бакс го совлада Бруклин нетс со 107:96 и израмнија на 2:2 во победи во полуфиналето од плеј-офот во Источната конференција.
Бруклин подобро го започна натпреварот и имаше предност во првата четвртина, како и на стартот од втората, но тогаш Милвоки предводен од Јанис Адетокумпо направи пресврт и предноста не ја испушти до крајот на натпреварот.

Олеснителна околност за Милвоки беше и повредата на бекот на Бруклин, Кајри Ирвинг за кого според првичните проценки, сезоната заврши. Бруклин играше и без Џејмс Харден кој се повреди на првиот натпревар од оваа серија и можно е да се врати во наредниот натпревар.
Најдобар во тимот на Милвоки беше Адетокумпо со 34 поени и 12 скокови, а добра партија прикажа и Крис Мидлтон со 19 поени и осум асистенции. Во редовите на Бруклин, Кевин Дурент беше прво име со 28 поени и 13 скокови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот