Јаничиќ прогласен за МВП, двајца Македонци во идеалната петорка на Европското првенство – Дивизија Б

Никола Јаничиќ (прво од десно на фото)/kfsm.mk

Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација во финалето на Европското првенство – Дивизија Б ја совлада Австрија за прво место на шампионатот и влез во елитната А дивизија.

Еден од најзаслужните за златниот медал на нашата селекција беше Никола Јаничиќ кој е прогласен за најкорисен играч на шампионатот (МВП).

Во изборот на ФИБА во идеалната петорка се најде уште еден Македонец, Марко Луканоски.

Освен македонското дуо, во ТОП 5 на Европското првенство во Скопје се најдоа уште и двајца репрезентативци на Австрија, Имран Суљановиќ и Фун Шот, а идеалната петорка се комплетира со Бугаринот Александар Гаваљугов.

Македонските кошаркарски јуниори станаа европски шампиони, во финалето совладана Австрија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот