Јани Макрадули за “Слободен печат”: Интересот за инвертори е огромен

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули/ Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Владата има план и програма како да се справи со загадувањето на трајна основа, а тоа е да се дејствува во изворите на загадувањето, изјави за “Слободен печат” заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.

Тој потврди дека е обезбеден и посебен буџетски фонд за првичните активности, во висина од два милиони евра, но на располагање се и околу 20 милиони евра од одредени ставки од буџетите на неколку министерства, наменети за остварување на мерките од обемниот план.

Макрадули е зачуден зошто некои невладини организации погрешно го разбрале дека овој буџет е намален.

Во оваа фаза од програмата значајна мерка имаат инверторите кои Владата им ги нуди на граѓаните како замена за печките на дрва со 100 проценти владина подршка. Интересот е огромен вели Макрадули.

Целото интервју со детали од програмата на Владата за справување со загадувањето на животна средина погледнете го на Слободна ТВ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот