Јаневска за промена на учебниците: Верувам во македонските историчари во Мешовитата комисија дека ќе ги заштитат националните интереси

д-р Весна Јаневска / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во рамки на проектите кои ќе ги спроведува во образовниот сектор во наредниот период, предвидува предметите од национално значење како што се македонскиот јазик, историјата, географијата, музичката и ликовната уметност да бидат законски заштитени од идно уништување или од своеволна ненаучна интерпретација.

На прашањето дали идната министерка за образование ќе прифати во македонските учебници за основно образование да бидат внесени формулациите за историските личности и настани за кои дискутира Мешовитата македонско – бугарска историска комисија но досега нема донесено конкретно и конечно решение, согласно Договорот за пријателство и добрососедство во Република Бугарија, проф. д-р Весна Јаневска вели:

-Историја и географија се национални предмети. Ние имаме наброено и ликовно и музичко како дел од традицијата на сите граѓани во оваа земја и особено на македонскиот јазик. Македонскиот јазик како лингва франка мора да се негува и доусовршува, тоа е динамична работа, но тоа не е работа на министерот, си има стручна фела таму. Што се однесува до комисиите односно Мешовитатата комисија не слушнавме јавно презентиран заклучок. Слушаме дека преговарале, но јасна формулација нема. Додека нема јасна формулација ние се движиме според нашите национални интереси. Но во ред е, постои Комисијата, ја почитуваме Мешовитата комисија, верувам во стручњаците кои се во македонскиот дел од комисијата, верувам дека ќе ги заштитат националните интереси, ако се случи такво нешто ќе им упатиме повик дека треба уште еднаш да размислат, но за се што, како научници и како стручњаци ќе се договорат, а не ги допира македонскиот идентитет и македонскиот јазик, сметам дека може да биде прифатено. Сметам дека тие тоа нема да го дозволат. Ако тоа го дозволат тоа е веќе политички проблем, вели Јаневска во интервјуто за „Слободен печат“.

Идната министерка за образование и наука нагласува дека нема откажување од македонскиот идентитет.

-Ние од нашиот идентитет не можеме да се откажеме. Ни од Гоце Делчев не можеме да се откажеме, ниту од Илинденското востание и од се она што не сочинува нас како бит, тоа е бит на македонскиот народ и нашите други сограѓани треба да знаат како што ние ги почитуваме и тие да не почитуваат. Јас барам и помош од нив, како што ние почитуваме други идентитети мора да се почитува и македонскиот идентитет и сите заеднички треба да го браниме, порача Јаневска.

 

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Јаневска: Идната година ќе има промени во државната матура, имаме добро и обмислено решение

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот