Јанева задржана на лекување во болница

Фото: Слободен печат

Катица Јанева ќе биде задржана на лекување во клиниката „Жан Митрев“ во Скопје. Јанева се жалела на силна болка во градите. По нејзини барање била однесена во приватната клиника.

Лекарите по извршените интернистичко – кардиолошки прегледи констатирале дека Јанева е во високоризична група, со хипертензија и се третира како пациент во прединфарктна состојба, па заклучиле дека е потребно дополнително да се направи коронарографија и други иследувања, поради што е задржана на болничко лекување.

Јанева е обвинета во аферата „Рекет“ и издржува мерка притвор во истражниот затвор „Скопје“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот