Јанева задржана на дополнителни испитувања

Фото: Драган Митрески/Слободен печат

Здравствената состојба на поранешната претседателка на СЈО, Катица Јанева се уште е лоша и таа денеска ќе биде задржана во болница за дополнителни испитувања, изјави адвокатката на Јанева, Ирена Фрчкоска за „Фокус“.

-Состојбата на Јанева се уште е лоша, ќе биде задржана и денеска да се направат дополнителни анализи и испитувања. Засега ќе ја почекаме одлуката прво за предлогот со гаранција да се брани од слобода, па потоа ќе одлучиме за евентуални нови предлози, рече Фрчкоска.

Тимот на Јанева очекува идната недела судот да донесе одлука Јанева да се брани од слобода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот