Јанева забарикадирана излезе од Шутка (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева дваесетина минути пред 18 часот вечерва со полициско комбе беше пренесена во станот на нејзиниот син, каде ќе го чека почетокот на судскиот процес за предметот „Рекет“, во кое таа е една од обвинетите за тргување со влијание.

Јанева се оглуши на новинарските прашања, поврзани со нејзината здравствена состојба.

Апелацискиот суд освен куќен притвор на поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева и определи и мерки за претпазливост, односно забрана да комуницира со лицата опфатени во случајот „Рекет“, таа не смее да ја напушти земјава ниту со лична карта, и го одзеде пасошот и има забрана за издавање на нов.

(Во живо) Катица Јанева од Шутка оди во домашен притвор

(Во живо) Катица Јанева од Шутка оди во домашен притвор

Publiée par DW на македонски sur Mardi 19 novembre 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот