Јанева утре нема да дава исказ во Обвинителство

Фото: Д. Митрески

Поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева која е третоосомнилена и притворена за случајот „Рекет“ одлучила даа не дава исказ пред обвинител од Одделот за организиран криминал и корупција за аферата.

Својата одлука таа денеска им ја соопштила на своите двајца адвокати кој се сретнале со Јанева во истражниот затвор „Скопје“ каде таа е притворена.

– Иако рокот за доставување докази на одбраната е до десети, тоа право го имаме до почеток на главната расправа и ќе го искористиме во таа фаза – изјави Фрчковска.

Посочи дека се во исчекување на одлуките во врска со барањето за укинување на притворот и дадената гаранција.

– Очекуваме овие денови Апелациониот суд да донесе одлука и за нашиот предлог. Сметаме дека се исполнети сите услови за укинување на мерката и замена со поблага мерка притвор – изјави Фрчковска.

Јанева во оваа афера е е осомничена за злоупотреба на службената положба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот