Јанева умно молчи, а Боки 13 се расправа со „цел свет”

Не само на првото, туку и на второто рочиштето во „Рекет”, јавно познатата екс шефица на СЈО, зборлестата Катица Јанева, второобвинета во случајот, мудро молчи. Сè што може во судница да се види е понекогаш нејзината насмевка додека го слуша нејзиниот пријател Бојан Јовановски. Токму Јовановски, попознат како Боки 13 е првообвинет во оваа афера.

Насмевката, не само на Јанева, туку и на јавноста се должи на неговото препукување со сведоците во постапката. Боки 13 со невешто-правни прашања се обидува да ги провоцира да се „истрчаат” со одговор, а не испушта можност да и дофрли на обвинителката Вилма Рускоска. И додека тој „тера” правда, на свое конто само ниже усни опомени од Судскиот совет. На минатото рочиште доби 10, овој пат исто толку. Но, веќе не е прашање дали, туку кога ќе биде парично казнет или отстранет од судница, бидејќи веќе доби „жолт картон”, нагласувајќи му дека ќе биде истеран од судница.

Судијката Васка Николовска – Масевска која го води процесот „Рекет” на денешното рочиште на Јовановски му упати опомена на Јовановски и поради неговите неправни прашања упатени кон сведокот Ана Камчева.

– Ве толерирам, преќутувам за да не дојде до сцена, ама вие двајца си правите муабет – рече судијката Николовска – Масевска.

Боки 13 и Ана Камчева денеска низа пати влегоа во вербален дуел.

„Какви беа нашите средби“, Јовановски ја праша Камчева, на што таа рече дека не се сеќава.

„Како што можев да видам, памтењето добро ве служи, така што ајде кажете“, ѝ рече Јовановски на Камчева.

„Дали се сеќавате на вечерите организирани во вашата велелепна палата?“, беше едно од прашањата што Јовановски ѝ го постави на Камчева, како и „дали се сеќавате дека подготвувавте посебни вечери за мене“?, продолжува тој, но овие прашања не му се дозволени.

Прочитајте и...  Боки 13: Единствено ќе ме спречат доколку ме лишат од живот

Тој го нарекува сопругот на Камчева, бизнисменот Орце Камчев – вашиот сакан и чесен сопруг, а судијката повторно го прекорува дека дава квалификации.

Сведокот Ана, денеска во уводниот збор пред судот рече дека во ноември лани со сопругот од сега веќе осудениот во „Рекет“, но и нивен пријател Зоран Милески дознале дека утрото ќе им биде претресен станот, настан кој се случил, по што уследило и апсење на Јордан Камчев за случајот „Империја”.

– Кога дојдов во суд недолично се однесуваше обвинителката Лиле Стефанова. Таа тогаш рече „Ништо не ми можеше Тони, моќта е кај мене. Само треба да знаеш кога е кај тебе и да ја искористиш”. Вечерта дојде Јанева. Јордан доби притвор таа вечер – рече Ана Камчева, која попадно е и адвокат.

Неколку дена подоцна, рече сведокот Ана Камчева, ја побарал Милески кој и рекол дека треба да се сретне со адвокатот Васил Димишков кој ја предупредил дека Јордан требало да соработува со него за да има поповолни услови.

– Бидејќи Милески беше човек од доверба му реков нему утре да му ја каже сумата. Следниот ден ми беше речено дека сумата за плаќање е 6 милиони евра. На средбата со Јордан му кажав дека немаме предмет, туку дека имаме проблем – рече Камчева.

За блискоста на Јовановски и Јанева, сведокот Камчева денес рече:

Прочитајте и...  Јужноафриканската кралица почина од Ковид-19

„Бојан беше близок со Јанева. Тој точно знаеше за секој чекор на постапката и со Јанева збореше по телефон. Таа му даваше напаствија и совети. На една од низата средби Јанева даваше инструкции по телефон, на пример, кој адвокат да дојде во СЈО“.

Камчева рече дека се плашев од моќта на Катица Јанева, но според неа шеф во СЈО бил Боки 13 бидејќи тој според неа знаел кој ќе биде апсен и против кого има истраги.

„Така и се потврдуваше“ рече Ана Камчева.

Кога решила да бара помош, стапила во контакт со Горан Николовски поранешен директор на сега згаснатата УБК.

– Му кажав сè и му побарав совет каде да пријавам. Му кажав дека Јовановски пред мене разговарал со министерот за внатрешни работи, политичари од власта, судии и обвинители. На Николовски му кажав дека се бараат многу пари од нас – рече Камчева, додавајќи дека за да не биде видена од Јовче Ременски, пријател на Боки, плашејќи се да не биде издадена, двете средби биле надвор од просториите на МВР.

Таа рече дека Јанева му се јавувала на Орце Камчев и му тврдела дека се ќе биде ок. И било и речено ништо да не сведочи, бидејќи Дејан Пелистерка бил во ОЈО и ништо не кажал, а тоа, според неа, било само дел од притисоците.

За една од средбите со Јанева во домот на Јовановски во скопското село Орман, сведокот Камчева рече:

Сведокот во „Рекет“, Ана Камчева на продолжетокот од денешното свое сведочење во овој процес рече дека со сопругот се договориле да ги платат бараните 500.000 евра.

Прочитајте и...  Протоколите за гласање на изборите се лесно спроведливи и треба да се почитуваат, рече Филипче

„Парите ги побарав од сметководителката Мими која од нашите сметки извади 350.000 евра, а 150.000 требаше да ги обезбеди Зоран Милески. Тој ме однесе кај Бојан Јовановски дома. Таму беше и фризерот Сергеј Варошлија. Парите му ги дадовме на Бојан. Тој реагираше што внатре имало мали банкноти, но рече дека ќе договори средба со Јанева. Така и беше. Милески ме однесе на таа средба, а Јанева веќе беше во дневната соба. Јанева ми кажа дека е благодарна што и го вработил синот бидејќи да не бил тој синот ќе и работел на брод. Јанева рече дека дел од недвижниот имот за гаранцијата бил под кирија и рече без гаранција Камчев ќе биде пуштен во домашен притвор. Тоа и се случи. Откако Јордан дојде дома, тој имаше средби со Милески и Јовановски. Не бев дома кога биле исплатени милион евра“.

Во таа пригода, Камчева добила и „другарски совет“ од Јанева:

„Ми рече дека ако разговорот излезе во јавност ќе знае дека таа го кажала, па се заканила со други истраги и пријави против нејзиниот сопруг“.

Засега останува нејасно со кој разговара Камчев додека ги брои парите, дел кој се гледа на една од снимките, бидејќи неговата главна благајничка, Мирјана Бошковска која денес исто така сведочеше во суд, на прашање на Јовановски дали таа била снимана со Орце како ги подготвуваат парите кој според ОЈО ги добил токму Боки 13, таа рече дека не била снимана додека правела спецификација на парите.

 

 

Прочитај повеќе

Неколку грчки медиуми ги вратија финансиските средства добиени од Владата за кампањата „Остануваме дома”

МИА Агенција

Спасовски ја прими новата амбасадорка на СР Германија Холштајн

Слободен печат

Британија: Екстремистите ја користат пандемијатата за да шират теории на заговор

Слободен печат

Жерновски: Стоп за старата политика на новиот будимпештанец

Слободен печат

Јужноафриканската кралица почина од Ковид-19

Слободен печат

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го реши горливиот проблем на граѓаните од Пелагонија, ќе го изгради автопатот од Скопје преку Прилеп, Битола до јужната граница

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Нови 168 случаи со Ковид-19, три лица починаа во последните 24 часа во земјава

Слободен печат

Во мај и јуни со мерката финансиска поддршка на плати опфатени 319.859 работници

Слободен печат

Разговор со Даница Стојанова, селекторка на музичката програма на Фестивалот „Охридско лето“: Концерт на Жељко Јоксимовиќ нема да има

Кристина Апостолова

Русија одобри нов антивирусен лек „Коронавир“ за пациенти заразени со Ковид-19

Слободен печат

Здравствени работници бараат изземање од посебните избирачки одбори кои треба да го спроведат гласањето кај лицата со Ковид-19 во понеделник

Слободен печат

Намалено производството на алкохол во Русија

Слободен печат