Јанева: Стари се „бомбите“ на Ел Чека – Слободен печат
Хроника

Јанева: Стари се „бомбите“ на Ел Чека

Шеќерим Ахмети или како себе си се нарекува Ел Чека живее во Америка, а пред неколку недели почна да објавува прислушувани разговори на фејсбук.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска го презентираше Извештајот за работата на нејзиниот тим пред Советот на обвинители на Македонија. По средбата таа изјави дека членовите на Советот биле задоволни од работата на СЈО. Заеднички, нагласи Јанева бил ставот дека мора брзо да се донесе Законот за обвинителство со кој се решава и идниот статус на СЈО.

– Поразговаравме за извештајот, за предизвиците на СЈО, за новиот закон. Реално јас што можам да кажам, дека беа задоволни дека е многу исцрпен извештајот, многу со детали и дека не мора толку да навлегуваме во детали. Се договоривме за некои технички работи за новиот извештај. Во суштина беа задоволни, немаше некои посебни недоразбирања –  рече Јанева.

Таа нагласи дека „бомбите“ кои ги објавува кичевчанецот Шеќерим Ахмети познат како „Ел Чека“ на својот фејсбук профил биле стари и само реобјавени од негова страна.

– Тие се јавно објавени, може да си ги презема од Ју тјуб – рече Јанева.

Шеќерим Ахмети живее во Америка, а пред неколку недели почна да објавува прислушувани разговори на фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close