Јанева од болница се враќа во Шутка

Фото: Д. Митрески

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, денеска се враќа во скопскиот истражен затвор.

По четири дена поминати во приватната болница „Филип Втори“, на Јанева здравствената состојба и се подобрила, таму била примена во прединфарктна состојба.

– Најверојатно утре, не знам кое време ќе биде пуштена од болница. Така ме информираше нејзиното семејство. Сека е добро, здравствената состојба и е значително подобрена – изјави вчера нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска за ТВ24.

Неделава Апелација треба да одлучи  по барањето на Јанева да се брани од слобода со гаранција од три стана. Кривичениот суд треба да се изјасни дали ќе ѝ биде продолжен притворот на Јанева со поднесеното обвинение од шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот