Јанева: Обвинител е секогаш обвинител, па и кога разговара со осомничени по телефон

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, се огласи по објавената втора снимка за случајот „Рекет“, во која се слуша нејзиниот глас.

Изјавата на Јанева е објавена на страната на Јавното обвинителство на Македонија.

„Ја слушнав снимката, објавена на порталите поврзана со случувањата за случајот „Рекет“. Фрапирана сум како моите постапки како Специјален јавен обвинител се донесуваат во каква била корелација со случајот „Рекет“. Како Специјален јавен обвинител моја обврска е да контактирам со сите осомничени како и со други лица во врска со кривичните постапки кои се водат во ова Јавно обвинителство и од сите нив да се обидам да извлечам што поголем број на инфорамции како би ја подобрила позицијата во контекст на осомничените за секоја истрага/предмет поединечно.Сум разговарала за зголемување на степенот на соработка со осомничените, за откривање на нови сознанија во корист на истрагата, поточно, за подобрување на нашите позиции како јавни обвинители, но во никој случај и во ниеден момент не сум тргувала со никакво влијание, не сум ја злоупотребила својата функција и не сум постапувала спротивно на законот. Обвинител е секогаш обвинител, па и кога разговара со осомничени по телефон, а за ваква изјава во тој момент имаше оправдана причина.

Прочитајте и...  БРЗА РЕАКЦИЈА: Граѓани на Хонгконг сами произведуваат маски за да се заштитат од коронавирусот

Ги повикувам истражните органи што е можно побргу да ја завршат истрагата, да ги приберат сите докази и да ги завршат сите форензички вештачења поврзани со случајот „Рекет“, за целосно расчистување на овој случај и обелување на моето име.

Откако ќе бидат презентирани десетината истраги подготвени за брзо процесирање, од страна на СЈО многу нешта ќе бидат појасни за јавноста.Во тие истраги се осомничени и се надевам дека ќе бидат обвинети многу поранешни и сегашни функционери во власта и значајни личности во партиите, па од таму е јасно зошто некој со сите сили и со невидена медиумска хајка се обидува да го загрози мојот и кредибилитетот на СЈО како и на сите други обвинители, а со тоа се обидува да ги уништи кривичните предмети кои се водат во обвинителството. Се надевам дека тоа нема да се случи.

Прочитајте и...  Османи: Партијата што ќе победи во албанскиот блок треба да ја претставува волјата на Албанците

Очекувам пратениците на седница на Собранието на РСМ, во најбрз можен рок да го донесат Законот за ЈО на РСМ.

Откако ќе се вратат сите обвинители од ЈО од годишен одмор, пред донесување на законот за ЈО, ке има целосен отчет за досега сработеното во врска со истрагите и предистрагите кои се водат во СЈО. Тоа е моја обврска и задача која ќе ја презентирам пред јавноста и надлежните институции, со што ќе бидат отстранети сите евентуални притисоци кои би можеле да ги имаат обвинителите во СЈО кои и досега си ги работеа сите кривични предмети, се разбира во заедничка кординација со мене. Потоа очекувам овие предмети кои се во СЈО, да продолжат да се работат од страна на надлежното обвинителство, со што ќе се продолжи борбата против корупцијата и борбата за владеење на правото“, стои во изјавата на Јанева.

Прочитајте и...  Нухиу: Имплементацијата на двојазичноста на униформите се спроведува во рамките на законските рокови

Прочитај повеќе

Мета: Целта на владата на Рама е враќање на диктатурата

Слободен печат

СОЛИДАРНОСТ НА ДЕЛО: Украинска министерка ќе мине две недели во карантин со евакуираните од Вухан

Слободен печат

Следниот седумгодишен буџет на ЕУ ќе биде претставен вечерва

Слободен печат

Ердоган првпат го призна присуството на протурските сириски милитанти во Либија

Слободен печат

Потврден прв случај на коронавирус во Либан

Слободен печат

Димитров: Посетата на европратениците Чолош и Ќучик испраќа сигнал за поддршка за пристапните преговори со ЕУ

Слободен печат

1 comment

jovan 09/08/2019 - 12:12 at 12:12

еднаш обвинител секогаш обвинител? по која логика г-ѓо Катице? значи вие сте изнад законот? пред кого треба да одговараат обвинителите? или тие не треба да одговараат. еее! тогаш што барате правен систем а за правда да не говориме, каде вие живеете и со што ви е исполнет денот? имајте усул секој положај се користи ама каде и на кое место? неможат сите да бидат обвинители.
Јадна е ситната боранија со која се докажувате дека сте големи експерти за 100 кебапи, за снопче штавел, и кои какви не глупости решете го тоа што треба не пропаѓа државата од 100 кебапи и сл.Испаѓа дека сте и вие соучесници по сето тоа што се прави со која гаранција дававте кога г-динот си отиде на ракомет? и тие двајцата во Грчка се голема ујдурма мислите ние народот бензин пиеме?
Промени не се прават со кастрење и корекции него со искорнување на дрвото.

Reply

Остави Коментар

5 × 2 =

Прочитај повеќе

Иселувањето ќе продолжи на 24 март

Слободен печат

Џафери: Собранието ги исполни реформски приоритети, сега на потег е ЕУ

Слободен печат

Села и Гаши ја официјализираа коалицијата под слоганот „Една држава за сите”

Слободен печат

Сантос: За да се отворат преговорите со ЕУ политичките актери во Албанија треба да бидат обединети

Слободен печат

Дачиќ: Јамајка не извести дека не ја признале независноста на Косово

Слободен печат

Мицкоски: На целата јавност и е јасно дека Заев и Катица другарувале во минатото, а ова е исходот

Слободен печат