Јанева нема намера да признае вина за случајот „Рекет“

Фото: Слободен печат

Одбраната на Јанева е децидна во својот став дека обвинителката за гонење и организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, нема докази против Јанева, па поради тоа, поранешната специјална обвинителка нема да признае вина за случајот „Рекет“, пренесува МКД.МК. 

Јанева во текот на судската постапка ќе докажува дека Русковска нема докази кои укажуваат на тоа дека таа го сторила кривичното дело за кое ја гони ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција,

Јанева од пред неколку дена е во куќен притвор, откако Апелацискиот суд донесе одлука дека мерката притвор во текот на постапката може да се замени со поблага мерка за обезбедување на присуство.

Јанева беше во притвор од 21 август кога беше приведена поради инволвираност во случајот „Рекет”. Во текот на истрагата таа не даде исказ.

Во оваа постапка освен Јанева и Јовановски, обвинет е и Зоран Милевски кои исто така е во куќен притвор.

За сега, во притвор е само Јовановски, за кого Апелацискиот суд деновиве треба да донесе одлука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот