Јанева не ги дава Фетаи и Бубевски од „Титаник 3“ – Слободен печат
Хроника

Јанева не ги дава Фетаи и Бубевски од „Титаник 3“

Писмената одлука на Катица Јанева денеска е пратена до скопскиот Кривичен суд. 

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска одлучи да го одбие барањето на адвокатот Еленко Миланов, бранител на обвинетиот Исмет Гури во случајот на СЈО познат под името „Титаник 3“ кој бараше да се изземат застапниците на обвинителниот акт, обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Писмената одлука на Катица Јанева денеска е пратена до скопскиот Кривичен суд.

Денеска адвокатот Миланов, барањето за изземање го образложи дека е поради последните случувања во СЈО, кои според него, се изменети од минатата расправа до денеска, како и дека постои конфронтација меѓу обвинителката Јанева и обвинителите Фетаи и Бубевски. Тој побара и целосен прекин на постапката до изнесување на Судот по нивното барање.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close