Јанева испрати писмо од затвор во кое бара сите предмети од СЈО да му се предадат на Јовески

Фото: Слободен печат

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева од Шутка испратила писмо до СЈО со барање сите истраги на СЈО да бидат префрлени во Републичкото јавно обвинителство кај Љубомир Јовески, пренесува НОВА. 

Од СЈО потврдија дека вчера е пристигнато полномошно од Јанева со кое ги овластува обвинителите во ова Јавно обвинителство да ги предадат на Јавното обвинителство на РСМ предметите кои се водат во ова Јавно обвинителство и тоа: кривичните предмети во судење, во истрага и во предистрага.

„Имајќи го предвид законот за СЈО и одредбите за автономија на Обвинителството, во текот на денешниот ден ќе биде испратен допис до Јавното обвнителство на РСМ со цел запознавање на Јавниот обвинител на РСМ со ваквото полномошно, по што ќе биде донесена одлука за евентуално понатамошно постапување“, велат од СЈО.

Јанева, иако е притворена во Шутка таа се уште е законски застапник на сите истраги и обвиненија кои што ги покрена СЈО.

Според овие информации, Јанева писмото наводно го испратила преку затворската управа. Ако се префрлат предметите во Јавното обвинителство, тоа ќе значи други обвинители да работат по нив, со повторно собирање докази, искази на сведоци, што пак може да доведе до застарување на дел од нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот