Јанева дојде во СЈО

Фото: Слободен печат

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која даде оставка на функцијата, денеска се појави во просториите на Специјалното јавно обвинителство. Таа во зградата на СЈО влезе од гаражниот простор, а засега нема информации дали ќе се сретне со својот тим или пак го прекинала боледувањето.

Јанева е на боледување од минатиот вторник, откако во понеделникот си даде оставка на функцијата. Оттогаш не беше достапна за јавноста.

Јанева се поврзува со случајот „Рекет” поради што ѝ беше одземен телефонот и даден на вештачење. Јавното обвинителство соопшти дека вчера бил пронајден и одземен и вториот нејзин телефон за кој се тврдеше дека е загубен. Пронајден е кај лице кое изјавило дека му бил даден на подарок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот