Јанева дојде на работа

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по летниот одмор се врати на работа во СЈО.

Таа до вчера користеше одмор од две недели.

Претходно, Јанева беше седум дена на боледување откако и беше одземен телефонот по наредба на ОЈО, поради наводна нејзината поврзаност во аферата „Рекет“.

Јанева, сѐ уште не добила покана да се појави на распит во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за истрагата за „Рекет“, во која засега има двајца осомничени Бојан Јовановски и Зоран Милевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот