Јанева барала пари за СЈО пред да биде уапсена

Катица Јанева пред да биде разрешена испратила барање за буџет за Специјалното јавно обвнителство и согласно законот, Министерството за финансии е должно да го почитува барањето, изјави министерката за правда Рената Дескоска, одговарајќи на новинарско прашања зошто се предвидени 3,7 милиони евра за СЈО во Буџетот за 2020 година, кога таа институција повеќе не постои.

– Разговарваме во Министерството за финансии. Имаме ситуација во која Катица Јанева пред да биде разрешена испратила буџетски циркулар и барање за буџет за Специјалното јавно обвнителство. Согласно законот, Министерството за финансии е должно да го почитува барањето. Ќе видиме како ќе помине тоа во Собранието. Во секој случај, тоа се средства што потоа ќе бидат распределени во Јавното обвинителство генерално – рече Дескоска, на денешната прес-конференција во Министерството за правда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот