Јанева бара судот да не крие кој нудел поткуп, а кој давал рекет

Бараме денеска јавноста да не биде исклучена при прикажување на дел од доказите од целото стикче кое го има ОЈО, побара денеска од судот второобвинетата во „Рекет“ Катица Јанева.

– Бараме да не се исклучи јавноста за да се види кој нудел поткуп, кој давал рекет – рече Јанева.

Боки 13 рече дека требало да има време за да изврши увид во списите и доказите против него, но во затворот немал можност да види што се имало во стикчето.

– Незаконски сум снимен од Зоки Кичеец. За тоа што го кажа Јанева се согласувам – рече Бојан Јовановски.

Јавната обвинителка Вилма Рускоска рече дека одбраната оди на одолголекување на постапката.

На тоа реагираше Јанева, која рече сите докази на ОЈО да бидат објавени. Токму тогаш бурно реагираше Рускоска кон Јанева дофрлувајќи и дека да мислела на време сега немало сега да бидат во судница.

И покрај низата барања, судот го одби барањето на Јанева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот