Јанев: Имам негативен тест за Ковид-19 и нема потреба да бидам во изолација

Имам негативен тест за Ковид-19 и нема потреба да бидам во изолација. Ова го нагласи градоначалникот на Росоман Бранко Јанев, откако еден фудбалер во росоманскиот фудбалски клуб, при скрининг беше откриен како позитивен на коронавирус.

-Точно е дека имав средба деновиве со фудбалерите. Но, при средбата користев соодветна заштита и бев на предвидено растојание, според мерките за превенција од пандемијата. Се тестирав, за да ги отфрлам сите евентуални можни сомнежи. Од Центар за јавно здравје каде се пријавив, добив насоки дека нема потреба да бидам во самоизолација, рече Јанев за МИА.

Од фудбалскиот клуб „Росоман” доцна синоќа информираа дека играчите и членовите на клубот треба да бидат во самоизолација наредните 14 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот