Јанчева: Со купување нови автобуси не се решава проблемот со јавниот превоз додека проектот за БРТ стои во „фиока“

Љубица Јанчева / Утрински брифинг

Советниците на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје нема да гласаат за одлуката за задолжување кај домашна банка со долгорочен заем од 620 милиони денари да се набават еколошки автобуси, предложена од градоначалничката Данела Арсовска.

Координаторот на советничката група Љубица Јанчева нагласи дека одлуката е недоречена и со неа не се решава проблемот со јавниот превоз, во услови кога во моментов нема концепт на јавниот превоз, па дури не се почитува ни возниот ред што е изгласан од Советот.

– За да ја поддржиме одлуката неопходни ни се информации дали со ова ќе го решиме проблемот со јавниот превоз, можеби делумно со загадувањето, но со квалитетот на јавниот превоз не, бидејќи концептот ќе остане ист. Ние имаме во фиока проект со кој се решава проблемот, тоа е проектот за БРТ, за којшто плаќаме пенали, за којшто имавме кредитно задолжување со гаранција на Владата и кој целосно може да го реши проблемот. Ние вака купуваме нови автобуси и догодина можеби ќе купиме, можеби некоја општествено одговорна фирма ќе ги донира автобусите. Јас ни во предизборната кампања ниту за оваа година мандат не слушнав дека тие ветени 250 автобуси ќе ги купиме, напротив слушаме – ќе ги набавиме. И на крајот на краиштата ако треба да се купат кој ќе биде производителот? – рече Јанчева на денешната седница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот