Jанчев: Најавениот граничен премин над Мајден претставува бинго за Кавадарци

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев очекува изградбата на новиот граничен премин Пулевац, над Мајден, на македонско-грчката граница, да почне наредната година.

-Бинго за Кавадарци претставува најавениот граничен премин над Мајден, тоа е мојот личен впечаток. Со преминот, соседите ќе можат да доаѓаат кај нас, а нивното доаѓање значи и одреден дел на финансиски средства кои ќе  влезат во нашата општина. Со самиот премин, ние исто така ќе бидеме поблиску до нив, изјави тој на прашање на МИА во врска со проектот кој тиквешани го чекаат со години.

Информираше дека веќе се работи на техничката документација и на останати аспекти важни за проектот, како што е патната инфраструктура.

-Техничката документација се работи и во тек се преговори во делот на инвестирање, на заемната соработка и изградба на преминот. Тука мора да спомнам дека оваа година Агенцијата за патишта го реконструира патот од месноста Мушов Гроб до после селото Мрежичко, наредната година е ставено во програма да се рехабилитира и асфалтира патот од после селото, до соседното Мајден. Од Мајден  до преминот, државата ќе го решава на државно ниво, заедно со изградбата на самиот премин, соопшти Јанчев.

Тој очекува наредната година да се почне со изградба на тој премин.

Кавадарци и Едеса прават напори во рамки на прекуграничната соработка помеѓу двете држави да го отворат граничниот премин на Кожуф планина. Со отварање на овој гарничен премин патната разделеност меѓу двата града би се свела на стотина од сегашните 200 километри, кои сега се патуваат преку Гевгелија или Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот