Јанчев ги посети дежурните служби, првото бебе во Кавадарци женско

Митко Јанчев

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев посети  пожарникари, полицајци и медицински лица кои на новогодишната ноќ беа на своите работни места. Со скромни подароци, тој им ги честиташе празниците и им се заблагодари на нивната посветеност во работата. Се интересираше за здравствената и безбедносната состојба и посака мир, здравје и среќа за сите. Оваа 2021 година, да биде многу подобра од годината на пандемија со Ковид-19.

Јанчев беше информиран дека новогодишната ноќ минала без проблеми, на терен се почитувале протоколите за заштита од коронавирус. Сите угостителски објекти го почитувале работното време. За безбедноста на терен се грижеле неколку полициски екипи. Во Регионалниот  центар за гранични работи ,,Југ”, на градоначалникот му било кажано дека е безбедна македонската граница на југ.

Првороденото бебе во Новата 2021 е женско. Родено е неколку минути по полноќ во регионалната Општа болница со проширена дејност во Кавадарци. Бебето и мајката се во добра состојба. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот