Јанчев: Бидете максимално дисциплинирани и не се групирајте!

Тој рече да не паничат граѓаните кои не успеале навреме да ги обезбедат сите намирници за наредните неколку дена, бидејќи во општината аптеки, маркети и ресторани ќе продолжат да вршат достава на порачки, до домовите на кавадарчани.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на попладневната прес-конференција упати апел до кавадарчани да бидат максимално дисциплинирани и да не се групираат, бидејќи постои епидемиолошки ризик.

Како што информира, Кризниот штаб на денешниот состанок го задолжи Јавното претпријатие „Коѓуналец”, утре на пазарен ден да постави редари на сите влезови во пазарот, кои ќе го регулираат протокот на луѓе на пазаришниот простор.

Редари да има и на влезовите во парковите, кои ќе укажуваат на одлуката на Владата за забрана за движење во вакви и слични места. Еден од заклучоците се однесува на времено затворање на рекреативните игралишта поради пандемијата.

-Се задолжува Јавното претпријатие „Паркинг” да постави свои вработени во близина на супермаркети, банки и пиљари за да помогнат во одржувањето на дистанца меѓу луѓето, соопшти градоначалникот, и упати апел до сопствениците на вакви објекти, исто така да ангажираат дел од своите вработени, да одржуваат ред и да повикуваат на растојание помеѓу оние кои чекаат да влезат во таквите објекти.

Јанчев потсети на забраната за движење во шумските површини која ја донесе Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Повика движењата во селата да бидат само во нивниот атар. Апелираше во овој период да не се палат плевел, меѓи и лозови гранки.

-На сите колективни згради што имаат контејнери подалеку од 50 метри, ќе им бидат дополнително поставени контејнери, соопшти Јанчев потсетувајќи дека и во полициски час ќе биде отворен кол центарот на општината на бројот 13300, на кој можат да се јават за решавање на различни проблеми.

Тој рече да не паничат граѓаните кои не успеале навреме да ги обезбедат сите намирници за наредните неколку дена, бидејќи во општината аптеки, маркети и ресторани ќе продолжат да вршат достава на порачки, до домовите на кавадарчани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот