Јанакиески не чувствува вина за обвинението за „Шпански скали“

Миле Јанакиески
Миле Јанакиески /Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Не се чувствувам виновен и ќе се бранам активно. Ова денеска во судницат во Кривичниот суд го изјави поранешниот минситер за транспорт и врски Миле Јанакиески на првото рочиште за случајот „Шпански скали”.

Освен Јанакиески и останатите десетмина обвинети се изјаснија за невини. Јавен обвинител во случјаот е обвинителка Ивана Трајчева која денеска го образложи обвинеието, според кое државата со незаконската продажба на државно земјиште на Плоштадот Македонија е оштетена за 2.6 милиони евра.

– Сите договори вкупно четири си имаат своја вредност и секој од нив е конкретно наведен во обвенението и тоа поделени се колкава е точно вредноста на самото земјиште од секој од склучените договори, а колкава е договорната казна. Од првиот договор 2010 година до денеска се поминати 10 години, земјиштата се отуѓени и префрлени се на приватни физички и на правни лица, ниту се изградени, ниту се започнати градбите на објетктие, ниту е наплатена договорната казна – изјави Трајчева.

Првообвинетиот пак Јанакиески изјави:

– Состојбата на договорите за кои сум обвинет дека не сум ги раскинал е иста до денеска. А обвинет сум само јас. Двајца министри после мене не се обвинети, не е обвинет ни градоначалникот на Општина Центар, иако обвинението се однесува и на периодот по моето заминување од функцијата во 2015 година. За овој случај сум една година во притвор. СЈО постапуваше по овој предмет, не најде основ за поведување на истрага.

Според еден од четирите договори за проектот „Шпански скали“ требаа да бидат изградени на парцелата каде денес се наоѓа новиот тревник на плоштадот до спомен плочата на Мајка Тереза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот