Јанакиески е во притвор, а полицијата го барала дома

Фото: Слободен печат

Отсуството на екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески беше причина денеска во скопскиот Кривичен суд да биде одложено рочиштето за предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) познат како „Шамари во Центар“.

Токму скопска единица издала налог Јанакиески стражарно да биде доведен на рочиште од неговиот дом, иако јавно е познато дека судија на претходна постапка токму од овој суд пред неколку дена му одреди затворски притвор по барање на Обвинителството за организиран криминал и корупција за незаконска продажба на четири државни плаца, со што тој уште деветмина други е обвинет за злоупотреба на функцијата.

По изрекување на одлуката, Јанакиески веќе неколку дена е притвор во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот